Руската црква се потпира и на непризнати цркви во битката против Вартоломеј

Date:

Share post:

Непризната од никого црковна организација наречена „Православна Патријаршија во Турција“ застана во одбрана на Руската Православна црква, поднесувајќи тужба против Вселенската Патријаршија, а руските медиуми веста ја пренесуваат во ударните термин.

Активирањето на оваа црковна организација е поврзано со одлуката за автокефалност во Украина.

Вартоломеј нема овластување да ги испрати своите егзархи во Украина и да ѝ даде автокефалија на нејзината црква. Според Мировниот договор од Лозана од 1923 година, статусот на Цариградскиот патријарх е ограничен на Грците што живеат во Турција, изјавил портпаролот оваа организација за РИА Новости.

Неканонската Турска православна црква е формирана во 1922 година со одлуката на турската влада, која се обиде да создаде национална православна црква, која не е поврзана со грчкото православие. И покрај мал број на парохијани, црквата има три храмови во Истанбул.  Во моментов, Турската православна црква ја води патријархот Ефтим IV.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img