Европската епархија на МПЦ-ОА се зголеми за две нови црковни општни. И двете основани во Велика Британија. Едната е Свети Нектариј Егински во Рединг, во близина на Лондон. Другата Свети Ѓорѓи Кратовски во околината на Оксфорд.
-Со голема радост и во прекрасна атмосфера денес во градот Рединг се основа нова Црковна Општина на МПЦ под закрила на св Некатариј Егински. Св. отче Нектарие моли го Бога за нас, напиша отец Виктор Стојчев, свештеник во Лондон.
Основачкото собрание на новата црковна општина Свети Ѓорѓи Кратовски требаше да биде денеска. Парохискиот свештеник од името на иницијативниот одбор и со благослов на надлежниот Митрополит, претходно ги повика сите Македонеци и добронамерен пријатели на Македонците дека се добредојдени да земе учество да предлагаат, биде предложени и избираат членови за Црковните тела и органи.


Општина на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во Велика Британија под закрила на Св. Нектариј Егински? Мошне интересно. Личните афинитети на клирот сепак нема како да талкаат по светоотечките стебла на други Покесни Цркви, во случајов на Грчката Православна Црква и на Цариградската Патријаршија. Воопшто, изненадува чувството на некаква исцрпеност на благодатното наследство на Македонските Светители (од кои мнозина мошне слабо претставени, мошне сиромашно прославувани и безмалку игнорирани) од страна на најголемиот дел од нашите најпочитувани клирици, кои лесно бараат засолниште во добро развиените култови на други Помесни Цркви, влегувајќи всушност во туѓиот труд. Не е тоа широчина или став на безгранично уважување на сите Светии како свои ниту е практикување на Павловото “Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса.” (Гал. 3, 28). Тоа е зона на удобност, дело на работници на нивата Господова кои наместо вредно да ја обработуваат наоѓаат сенка дебела од крошна на дрво коешто друг таму го засадил, па си легнуваат да ја преспијат дневната жега додека не дојде Господарот на лозјето. Можеби ќе речете дека нема таква парабола во Евангелието и човек треба да се согласи за ова: нема. Значи, разгледајте убаво околу себе (сега кога сте во евхаристиско единство со сите Помесни Православни Цркви и немате изговор од недостаток на врвни учители за сите сегменти од православната култура) и видете добро кои се патроните коишто ги избираат поголемите евхаристиски и еклисиолошки заедници, како ги градат врските со поединечни членови и собори на Црквата во торжество, како ја развиваат културата на празнување итн. Тука не се работи за некаков црковен национализам туку за долг на љубовта кон Светиите од својот народ низ вековите. Една работа е поединечниот личен подвиг на христијанинот и неговото одондестрано искуство или љубов со разни Светители независно од нивниот род и етничко потекло, а наполно друга мисијата во име на целата Помесна Црква со сите Нејзини живи, починати, блажено упокоени или веќе во Бога прославени членови. Тука пастирот по вокација мора да е насочен кон Соборот на светиите на Помесната Црква или како што е широка пракса во руската традиција: кон непосредната закрила на Света Троица или на Христос Спасителот или на Св. Дух (практика која е повеќе за мисии во дијаспората каде што руско население безмалку и нема). Само кога ќе помислам дека на најголемиот број Македонски Светители никаде не сме им изградиле ниту еден храм, а имаме илјадници храмови на неколкумина други… Св. Четириесет Битолски Преподобни Маченици немаат до ден денес храм! Премногу е тоа.
Здраво Ангелина, навистанесе потрудив да го разберам твојот коментар, на жалост главата ме заболи после првата реченица.
Поздрав, имајте убав ден