Повторна средба на владика од БПЦ со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Date:

Share post:

Русенскиот митрополит Наум, на својот фејсбук профил извести дека остварил средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во седиштето на Вселенската патријаршија.

За време на посетата, бугарскиот архиереј му го честитал на патријархот неговиот неодамнешен роденден, посакувајќи му здравје и духовна сила во неговото првосвештеничко служење.

По средбата следеше скромен ручек, при што двајцата црковни великодостојници разговараа за повеќе актуелни теми. Во разговорите беше истакната потребата од молитва за мир во светот и за зацврстување на единството меѓу Православните цркви.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img