
„Патриотически парадокси“ – Владиката Петар ќе биде домаќин на БПЦ за која МПЦ-ОА е Северномакедонска црква
Преспанско-пелагониската епархија најавува голем настан на сослужение в недела во црквата Свето Благовештение во Прилеп. Според фејсбук информацијата од оваа црква во овој храм на 5 ноември ќе служи Владиката Петар, а на светата архиерејска литургија ќе му сослужуваат владици од соседните сестрински цркви.
-Браќа и сестри, со радост ве известуваме, дека во недела на 5ти Ноември, во нашиот храм ќе се одржи СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, нашиот Митрополит г. Петар, во сослужение на други архиереи (владици) од соседните сестрински помесни цркви и бројно свештенство. Да се помолиме заедно и да ги примиме Христовите дарови, стои во објавата.
Сестрински соседни правоиславни цркви на МПЦ-ОА се Грчката, Албанската, Бугарската и Српската. Информациите на Религија.мк велат дека засега две цркви ќе имаат свои владици, српската и бугарската.
Бугарската црква одлучи да го признае Томосот на СПЦ за автокефалност на МПЦ-ОА, доделувајќи и ново име и на црквата и во титулата на Архиепископот Стефан. БПЦ одлучи МПЦ-ОА да именува како „Православна црква на/во Северна Македонија, а Архиепископот да го титулира како „Архиепископ Северномакедонски’, што е едно од најнавредливите термини за Македонија.
Од друга страна пак, Владиката Петар, како познат патриот е еден од перјаниците на антибугарската реторика во Македонија. Постојано вио јавните настапи зборува за негаторската политика на Бугарија кон Македонија, организираше и учествуваше на протести против бугарскиот клуб во Битола, а и отворено ја застапува тезата за невпишување на Бугарите во Уставот.
Парадоксално, но сепак в недела тој ќе сосолужува во Прилеп со владика на БПЦ демонстрирајќи така јавно дека не е навреден и нема ништо против срамната одлука на БПЦ да ја нарекува МПЦ-ОА Северномакедонска црква со Северномакедонски архиепископ. Останува уште заедно со владиката на БПЦ, по литургијата да отслужат панихида за паднатите бугарски војници, бидејќи в сабота МПЦ-ОА одбележува Задушница.
Кој, и дали од останатите соседни цркви ќе дојде на сослужение ќе почекаме до недела.q`
Човек треба да знае дали оди или се враќа, особено ако носи митра на главата. Да го угостиш во твојот олтар лукавиот “брат” кој смислил како да ти влезе во олтарот (тоа е признавањето кое ти дава/бара сослужување, ама под услови на “признавачот”) и оттаму да пука во тебе земјаќи го Името Господово во устата – сето тоа е сведоштво дека не се бориш за својата автокефалност (автокефалноста е неповредлив интегритет, самодоволност на полнотата на Светиот Дух како целосни дарови на Црквата, слобода и избор да се каже ‘да’ или ‘не’,) другото е дружење за слава човечка (што друго претставува желбата да ти ја признаат таа автокефалност ако таа е веќе на попуст? надеж дека еден ден ќе го спитомиш волкот, кој во меѓувреме демне да те распарчи?). А ако не е така, ако навистина од се’ срце ја живееш својата долго и тешко спечалена автокефалност, која веќе Господ ја украсил со нетрулежни плодови, тогаш одејќи на “совет” со оние чиј збор не е неизменливо искрен и срдечен, навистина не знаеш дали одиш или се враќаш. Не знаеш што претставува самиот чин на сослужување и дали воопшто ти е потребен, полезен или штетен. Сакаш да ги разбиеш “заблудите” на “браќата”за твојата автентична православност, ама “браќата” веќе ораат на твоето лозје. Инаку, во Македонија има се’ помалку македонско грозје. Драстичен пад! “Колку е убаво и мило кога браќата живеат заедно!” (Пс. 132) – Ама браќата!
http://religija.mk/vladicite-timotej-i-ilarion-na-sosluzuvanje-vo-plovdiv/
http://religija.mk/partenij-nema-potreba-da-stravuvame-od-zaednichko-sosluzuvanje/
http://religija.mk/vo-erusalim-prvo-sosluzuvanje-i-so-bugarskata-i-ruskata-crkva/
Полека, смирено. Оставете на Бога да си ја заврши работата до крај …