Почетна Вера Охридска литија за враќање на црковната бадникарска песна
Охридска литија за враќање на црковната бадникарска песна

Охридска литија за враќање на црковната бадникарска песна

207
0

Околу 250  деца со пеење на старата коледарска песна Вечниот бог и носејќи ја пештерата на раце на симболичен начин, на Бадник го навестија Христовото раѓање. Поворката одејќи низ охридските улици се упати  до градскиот плоштад каде најмладите беа дарувани со подароци.

Интересот за учеството на литијата која трета година по ред се одржува во Охрид е огромен. Тоа е еден од начините на кои може и треба да се чествува денешниот ден, кој е навестување на утрешниот празник.

Децата на молитва и Бадников ручек беа пречекани во црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско, каде свештениците им се заблагодарија за овој настан кој има тенденции да прерасне во вистинска традиција.

Бадниковата поворка има за цел заживување на една стара духовна традиција за големиот православен празник Бадник.

Благодарение на добрата верска поука, охритската литија е пример за тоа како на одтоинствен и масовен начин може да се одбележува Бадник, наспроти квази традициите со греана ракија и општо народни веселби, кои ја ставаат црковната богослужба во втор план.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *