Почетна Вести Нови проблеми за најавениот собор на Православната црква
Нови проблеми за најавениот собор на Православната црква

Нови проблеми за најавениот собор на Православната црква

489
0

Грузиската православна црква не ги прифаќа договорените текстови за големиот собор на Православната црква, кој треба да се одржи на Крит оваа година. Синодот на Грузиската црква и Патријархот Илија II го отфрлиле текстот на точката која се однесува на односите на Православната црква со останатиот христијански свет.

Грузиската црква, соопшти дека тие имаат различни ставови и не се согласуваат и со веќе договорените текстови и за други теми од седумте точки кои треба да се најдат на Соборот закажан за крајот на јуни оваа година.

Грузискиот Патријарх Илија II уште во Шамбези, во својот говор изјави дека никако не може да се согласи со тоа дека темите орфрлени од Црквата да се најдат на соборот. Тој изјави дека кое и да било решение што ќе го донесе Светиот и Голем Собор, ако црквите во полн состав не го признаат, тоа не само што ќе биде незадолжително и неприменливо за Црквите, туку може да биде причина за проблеми и да доведе до расколи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *