Во Архиепископската катедрала „Света Троица“ во Њујорк се одржа екуменска средба со учество на претставници на повеќе христијански традиции, во рамки на 58. Недела на молитва за христијанско единство.Средбата беше организирана под покровителство на Светскиот совет на црквите, а овогодишната тема беше преземена од Посланието до Ефесјаните: „Едно тело и еден Дух, како што сте и повикани во една надеж на вашето призвание“.
Во текот на програмата беа изнесени молитви од ерменската апостолска традиција, настапија хоровите на Катедралата „Света Троица“ и на катедралата „Свети Вартан“, а со обраќање се јави Архиепископ Елпидофор од Американската архиепископија на Вселенската петријаршија „За да излеземе од нашата црковна затвореност, потребно е свесно да ја прифатиме разновидноста која веќе постои во Телото Христово“, истакна Архиепископот Елпидофор.
Проповед одржа и кардинал Тимоти Доланд, апостолски администратор на Римокатоличката архиепископија во Њујорк, кој нагласи дека христијаните се најобединети тогаш кога се најблиску до Христос на Крстот. Тој посочи дека страдањата и конфликтите во светот, како и притисоците врз мигрантите и бегалците, ја продлабочуваат свеста за потребата од христијанско единство.
На крајот од службата, Архиепископот Елпидофор му врачи на Кардиналот Долан сребрен наперсен крст, како знак на благодарност и братска почит, оценувајќи ја неговата проповед како „збогатувачка“.
На заедничката молитва учествуваа и архиереи и претставници на Ерменската апостолска црква, Украинската православна црква во САД, Епископалната црква, Евангелско-лутеранската црква во Америка, како и претставници на Римокатоличката црква и на Светата столица при Обединетите нации.


