Почетна Вера Македонците од Албанија до Поглаварот на МПЦ
Македонците од Албанија до Поглаварот на МПЦ

Македонците од Албанија до Поглаварот на МПЦ

137
0

Македонците од Албанија им го честитаа Божик на верниците во Македонија и на Поглаварот на МПЦ, г.г Стефан.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”- тирана Никола Ѓурѓај во честитката до Архиепископот пишува:

-Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, и името на Македонското Национално Малциство во Република Албанија.
Вам лично, и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божиќ, и да ви посакам здравје и среќа.

Божиќ е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот.

И оваа година Божиќ нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош.

Токму во духот на христијанството во очи на Божиќ , дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните.

Христос се роди!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *