187
0
Анонимна, и веројатно лажна дојава за бомба ја испразнила зградата на Архиепископијата на Крит, јавуваат грчките медиуми.
По телефонскиот повик за поставена бомба, сите од објектот биле евакуирани. Целата област била блокирана повеќе од еден час. Полицијата не пронашла ништо што може да укажува дека станува збор за експлозивна направа.
/РОМФЕА