
“Во духот на нашата традиција, посакувам како што сме сплотени за време на празниците, така да бидеме заедно и во текот на целата година. Меѓу себе да бидеме човечни, да си помагаме и да се почитуваме, се вели во честитката”, напишал Претстедателот на државата, Ѓорге Иванов, во честитка, што за Божик ја испрати до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, членовите на Светиот архиjерејски синод и до целото свештенство и монаштво, како и до сите христијани, кои го слават христовото раѓање според јулијанскиот календар.
– Големиот христијански празник кога го славиме раѓањето на Синот Божји, нека нè исполни со добра мисла, мир и единство. Радоста на овој празник нека биде поттик да бидеме солидарни и хумани. Во духот на нашата традиција, посакувам како што сме сплотени за време на празниците, така да бидеме заедно и во текот на целата година. Меѓу себе да бидеме човечни, да си помагаме и да се почитуваме, се вели во честитката.
Овие празнични денови, се наведува, да ги поминеме во кругот на семејството и ближните, исполнети со радост и веселба. На првиот ден на Божик да се помолиме за духовен мир и за сила за предизвиците во годината која ни претстои.
– Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите граѓани кои го прославуваат празникот, сакам да им порачам да продолжиме да ја пренесуваме божикната порака за вистината за верата според која живееме. Христос се роди!, пишува Иванов во честитката.