Почетна Вести Историски исчекор во дијалогот меѓу Православната и Римокатоличката црква
Историски исчекор во дијалогот меѓу Православната и Римокатоличката црква

Историски исчекор во дијалогот меѓу Православната и Римокатоличката црква

352
0

Историски напредок постигнала Мешовитата комисија за богословскиот дијалог меѓу Православната Црква и Римокатоличката црква, на 16-та работна сесеија.

ilarion-alfeev-3Учесниците ги усвоиле измени и го одобриле заедничкиот документ за разбирање за Соборноста и првенството во првото илјадалетие од животот на Црквата. Иако делегацијата на Грузиската Православна Црква искажала писмени несогласување со некои од формулациите во документот, сепак усвојувањето на овој документ и неговото наскоро објавување се смета за историски исчекор меѓу Католиците и Православните христијани.

Следната тема за разгледување ќе биде Соборноста и првенство во вториот милениум од историјата на Црквата, т.е. по Големиот раскол од 1054 година.

Според претставникот на Московската Патријаршија Митрополитот Иларион Алфеев во рамките на оваа тема треба да биде посветено особено внимание на феноменот на униатството што се уште претставува “камен за сопнување” во односите меѓу Православната и Римокатоличката црква.

Во дијалогот меѓу православните и римокатолиците униатството е осудено во Баламанд, Либан, во 1993 година и потоа на сесија на мешаната комисија во Арича, Италија, во 1998 година, но поради настанати несогласувања како меѓу католичката и православната страна во дијалогот, така и меѓу самите православни, овој процес остана недовршен, изјавил Митрополитот. Иларион Алфеев.

Вклучувањето на оваа тема на агендата на дијалогот беше еден од условите, поставено од Руската православна црква да продолжи дијалогот за Соборноста и првенството, прекинат пред шест години.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *