Почетна Вести ИСИЛ убивале Христијани кога ќе освоеле град
ИСИЛ убивале Христијани кога ќе освоеле град

ИСИЛ убивале Христијани кога ќе освоеле град

234
0

Повеќе од 21 христијани биле убиени во сирискиот град Ал Кариатан, од околу 300 останати, кога во август минатата година, градот беше заземен од џихадистите на Исламска држава (ИД), изјави патријархот на Сириската православна црква, Игнатиус Афрем Втори, пренесува МИА.

Sirija ingnatiusВо разговор за Би-Би-Си тој вели дека дел од жртвите биле убиени при обидите за бегство, додека другите се ликвидирани затоа што не ги почитувале правилата на исламот, што џихадистите настојувале да им ги наметнат.

Петмина христијани се уште се водат како исчезнати, но се стравува дека и тие се убиени од припадниците на милитантните исламисти.

Патријархот Афрем признава дека се водени преговори и се давала откупнина за да се ослободат христијаните и открива дека до црквата стигнало предупредување од ИД оти младите христијанки би можело да бидат продадени како робинки.

Тој порачува дека, сепак, и покрај убиствата и бруталностите, неговата основна цел останува да биде обновата на хармонијата меѓу различните религиозни заедници кои живеат во Сирија.

„Живееме на таков начин со векови.Затоа и сите ние (Сиријци) можеме пак да живееме заедно.Потребно е другите да ни го остават тоа„- изјави за Би-Би-Си, патријархот на сириските православни верници Игнатус Африм Втори.

Sirija 1Градот Ал Кариатан кој се наоѓа на 100 километри од археолошкиот центар Палмира, е тешко оштетен, а меѓу разурнатите објекти е и манастирот стар 1.500 години.

Сириските владини трупи со помош на руската воена авијација, одново ја презедоа контролата врз Ал Кариатан и Палмира, а владата на Сирија ангажира конвој од автобуси за да им помогне на луѓето да се вратат во своите домови во овие два ослободени градови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *