Почетна Вести ЕКСКЛУЗИВНО: Се уште „плаче“ иконата на Пресвета Богородица во Трубарево

ЕКСКЛУЗИВНО: Се уште „плаче“ иконата на Пресвета Богородица во Трубарево

3.29K
0

Втор ден од иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево истекуваат капки налик на вода, за кои верниците сметаат дека станува збор за свето миро. Откако чудото било забележано по утринската служба во неделата на 10 април, состојбата останува непроменета и денеска.

Верниците кои утрово биле во црквата и ги направиле овие фотографии, велат дека немаат никаква дилема оти иконата на “Пресвета Богородица“ мироточи, а со тоа и се потврдува чудото кое се случува.

Иако на иконостасот има неколку икони, само оваа на „Пресвета Богородица“ е постојано е оросена. Она што може да се забележи е дека капките „свето миро“ извираат од челото на ликот на Богородица, се слеваат низ очите и завршуваат на усните од ликот. Надолу иконата е сува.

Локалниот свештеник синоќа служел акатис за „Пресвета Богородица“, а Црквата уште во текот на вчерашниот ден, а особено од утрово ја посетуваат голем број верници од Скопје, Трубарево, па и од Куманово.

Во Црквата се уште е забрането да се снима, иако никој не може да го исконтролира тоа, што впрочем сведочат и овие фотографии испратени до „религија.мк“.

За денеска е најавена посета на Архиепископот, г.г Стефан, по што МПЦ веројатно ќе излезе со официјален став.

Првичните анализи направени од теолози на МПЦ, ја  потврдиле автентичноста на случката, но сепак потребно да целосно испитување, за да се утврди дали иконата ќе продолжи да мироточи.

Ова не е непозната состојба, се случувала во многу храмови на Православните цркви.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *