Христијанските вредности повторно во фокусот на Европскиот парламент

Date:

Share post:

Местото на христијанските вредности во европскиот јавен и културен живот беше тема на дискусија одржана на 30 септември во Европскиот парламент.

Форумот беше посветен на улогата на христијанското наследство во современа Европа, но и на прашањата за верската слобода, човековото достоинство и меѓурелигискиот дијалог.

Настанот беше организиран во рамките на членот 17 од Договорот за функционирање на Европската унија, кој предвидува отворен, транспарентен и редовен дијалог меѓу европските институции и црквите и верските заедници.

Иницијатор беше европратеникот Димитрис Циодрас, а форумот беше организиран во соработка со Меѓупарламентарното собрание за православието (IAO) и Интергрупата на Европскиот парламент за слобода на религијата, уверувањето и совеста.

На почетокот на средбата архимандритот Емилијанос Хаџивасилиеу, генерален секретар на Претставништвото на Православната црква при Европската унија, го прочита обраќањето од митрополитот атински и белгиски Атинагора, егзарх на Холандија и Луксембург и претседател на Комитетот на претставници на православните цркви при ЕУ (CROCEU).

Во обраќањето било нагласено дека христијанското наследство не треба да се гледа само како дел од европското минато, туку и како дел од разговорот за иднината на Европа.

Како дел од христијанскиот придонес кон европската цивилизација биле издвоени солидарноста, отвореноста кон другиот и почитувањето на човековото достоинство.

Во име на CROCEU, епископот Апостолос од Танагра, директор на Претставништвото на Грчката православна црква при Европската унија, зборувал за поврзаноста меѓу верската слобода и владеењето на правото.

Тој ја нагласил потребата од дијалог кој истовремено ќе ја земе предвид историската идентичност на Европа и ќе ја почитува идентичноста на различните заедници.

Целта, според него, е создавање услови за мирен соживот меѓу различните верски и општествени групи.

Во дискусијата учествувала и потпретседателката на Европскиот парламент Антонела Сберна, која е задолжена за примената на членот 17.

Меѓу учесниците биле европратениците Евангелос Меимаракис и Мириам Лексман, генералниот секретар на Меѓупарламентарното собрание за православието Максимос Харакопулос, епископот Маријано Крочата, претседател на Комисијата на епископските конференции на Европската унија (COMECE), генералниот секретар на Конференцијата на европските цркви Франк Дитер Фишбах, советникот на IAO д-р Константинос Мигдалис и претставникот на движењето „Фоколаре“ Алберто Ло Прести.

Особено внимание било посветено на взаемното почитување како основа за дијалог меѓу различните верски и општествени заедници.

Средбата во Европскиот парламент ја отвори темата за христијанското наследство не само како историско прашање, туку и како дел од пошироката европска дебата за вредностите, идентитетот и иднината на европското општество.

/orthodox times

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img