Почетна Вести Франциск: Молете се за Сирија, ајде да и помогнеме на таа маченичка земја
Франциск: Молете се за Сирија, ајде да и помогнеме на таа маченичка земја

Франциск: Молете се за Сирија, ајде да и помогнеме на таа маченичка земја

134
0

Папата Франциск ја повика меѓународната заедница да не „штеди напори“ за да најде политичко решение за сириската криза. Истовремено Папата повика на „великодушна солидарност“ кон бегалците.

-Со голема загриженост ја пратам драматичната судбина на цивилното население во жестоките борби во Сирија, присилени да ја напуштат саканата земја и да побегнат од војната, изјавил Папата, викендов во својот говор по молитвата во Ватикан.

– Се надевам дека со великодушна солидарност ќе им се помогне за да преживеат и да го сочуваат достоинството. Ја повикувам меѓународната заедница да не штеди напори и итно да се соберат сите страни на преговарачка маса. Само политичко решение на судирот може да ја обезбеди мирната иднина на таа маченичка земја, за која Ве повикувам да се молите, изјавило Папата Франциск.

Меѓународниот собир за помош на Сирија треба да се состане во четврток во Минхен, а ООН се надеваат дека на 25 февруари ќе почнат неодложни преговори помеѓу сириската Влада и опозицијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *