Почетна Вести Грузиската црква остро се спротивстави на исто половите бракови
Грузиската црква остро се спротивстави на исто половите бракови

Грузиската црква остро се спротивстави на исто половите бракови

155
0

Грузиската патријаршија остро се спротивставува на идејата за легализација на исто половите бракови. Портпаролот на Патријаршијата, Давид Шарашенидзе вели дека грузискиот народи никогаш нема да го дозволи ова и секогаш ќе се спротивставува на обидите за легализација на хомосексуалците.

-Ако се дозволи ваков пресеан, без разлика од кој и да е, извршната, судската или законодавната власт, народот на Грузија, кој има заеднички став за ова прашање, тоа никогаш нема да го дозволи, изјавил портпаролот на Грузиската православна црква.

Неодамна во Грузија претставници на ЛГБТ заедницата покренаа иницијатива пред Уставниот суд на Грузија и побараа легализација на хомосексуалните “бракови”.

Портпаролот на патријаршијата ги коментирал и изјавите во јавноста на претставници на ЛГБТ заедницата, според кои тие тврдат дека им се вршат закани и насилства поради иницијативата, на што тој посочил дека во Грузија, никој не им се заканува и декатоа е апсурдно.

Тој изјавил дека во Црква вратите се отворени за сите, вклучително и ЛГБТ заедницата,

-Тие одат во црква. Ние не се вртиме настрана од нив, напротив обрнуваме многу внимание на таквите луѓе, да им се помогне и на некој начин тоа да го надминат. Имав духовен син, кој страдаше од ова, изјавил портпаролот на Патријаршијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *