Архиепископот Стефан, и митрополитот Брегалинички Иларион денеска во Кочани служат Богослужба за трагично загинатите во дискотеката Пулс.
Сите настани за одбележување на годишнинатат од големата трагедија почнаа од црквата Свети Ѓорѓи Победоносец. Потоа ќе биде отслужен помен и на гробиштата.
Паралелно со настаните во Кочани, во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти на справување со последиците од пожарот во „Пулс“. објави Скопје1.мк

