Почетна Анализа Црквата во Филипи е Првата Црква на европскиот континент
Црквата во Филипи е Првата Црква на европскиот континент

Црквата во Филипи е Првата Црква на европскиот континент

3.05K
1

Апостол Павле, чиј спомен го чествува Македонската Православна Црква е една од најзначајните личности за христијанизацијата на Македонија, а потоа и на целиот овој регион, а подоцна и на Европа. Професорот Ратомир Грозданоски е еден од еминентните богослови во Македонија, кој посветил голем период од својот научен труд во анализа и истражување на Апостол Павле и Македонија. Во неколку делови Ви пренесуваме една пократка аналзиа.(Втор дел)

filipi 3Во Македонија, во Филипи(3*), започнува европското христијанство. Евангелието во Европа влегло многу тивко и скромно, преку доаѓањето на свети апостол Павле во Македонија и неговата прва проповед во Филипи. Кај Македонците тоа не се појавило свечено како во Ареопагот пред атинските филозофи, ниту така официјално како на Кипар пред државникот, туку тивко и скромно, како што било раѓањето на Господа Исуса Христа во Витлеем, во пештерата.

Кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, првата Црква на европскиот континент била формирана „во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија“ (Дела 16,12). Изразот „прв“ (prwvth), како што се заклучува според старите монети, се давал како епитет на главните градови на провинции, но и на некои значајни градови, а таков значаен град бил и Филипи, бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски. „Прв град“ може да биде разбрано и како прв град од Европа којшто го примил христијанството од апостол Павле.

filipi 1Црквата во Филипи била првата европска црква што ја основал апостол Павле (‛H ’Ekklhsiva stou;~ Filivpou~ h\tan hJ prwvth Eujrwpaϊkhv ’Ekklhsiva pou; i{druse oJ Paulo~). Оваа прва христијанска црква во Европа ја карактеризираат силната вера во Бога и големата љубов кон апостолот.

Тоа значи дека христијаните од Македонија, коишто ја сочинувале Филипската црква, биле исполнети со вистинско богољубие и братољубие, коешто е основа на Законот и Пророците, на Евангелието и спасението (Види: Матеј 22,37-40; Марко 12,30-31; Лука 10,27; спореди: 5. Мој. 6,5; 3. Мој. 19,18; Матеј 7,12 и Лука 6,31).

А за нивното благочестие пишува и светиот апостол Павле и ги пофалува, претставувајќи ги за пример пред другите христијани (прочитај: Филип. 1,8; 2,1-2, 12-13, 15; 4,1, 15-20). Македонските христијани, доброволно, со љубов и дарежливо милосрдие, материјално го помогнале делото на свети апостол Павле (Филип. 4,10-20).

Пишува: Порф. д-р Ратомир Грозданоски ( за МИА)

/ПРОДОЛЖУВА

Фусноти:

(3*) Филипи се наоѓал на значајниот пат „Via Egnatia“ што минел низ цела Македонија, од запад до исток, и ја поврзувал оваа земја со Рим – со метрополата на светот. Тоа направило Филипи, поранешниот важен центар, градот на Филип и Александар Македонски, да биде врзан со градот на Цезар. Така Филипи постанал мала слика на Рим. Граѓаните на Филипи уживале посебен статус и градот имал свој устав за слободата, а секоја година самостојно избирале по двајца началници – „архонта“. Филипи постанал отсликување на Рим во политичка, инфраструктурна и надворешна форма, а Рим, подоцна, постанал отсликување на Филипи во духовно–христијанска форма, бидејќи свети апостол Павле прво бил во Филипи (во Македонија), па потоа во Рим. Првенството на Македонија во христијанството (примено од апостол Павле) пред сите европски земји, не смее и не може никој да и го одземе, или осквернува, туку треба достоинствено и чесно, тоа сите да и го признаат

Коментар(1)

  1. Добро е ова сето но уште да се направи истото и на Англиски јазик ?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *