Почетна Вести Христијанство Архимандритот Гаврил 20 години како монах и служи на МПЦ
Архимандритот Гаврил 20 години како монах и служи на МПЦ

Архимандритот Гаврил 20 години како монах и служи на МПЦ

344
0

Македонците од Австралија, но и верници и претставници на МПЦ-ОА, му го честитаа 20 годишниот јубилеј на Архимандритот Гаврил, од неговото ракополагање во јеромонашки чин.

-Со Божјата благодат отец Гаврил почна едно духовно патување што го донесе во најдалечното место на мисијата на Православната Црква на Македонија – Охридската архепископија, наследничката на познатата Јустинијана Прима, во прекуокеанската епархија на Австралија и Нов Зеланд за да го прибере Божјото стадо. Нека неговата мисија расте, а неговите дела да се множат, како и до сега, при нашата света, соборна, и апостолска Црква. Го молиме Бога и се надеваме дека конечно ќе се обедини Македонскиот народ тука во Австралија и Нов Зеланд, и дека ќе си го добиеме тоа што уште одамна требаше да го добиеме, тоа што реално ни припаѓа, што ни следува, а тоа е наш пастир, кој ќе се залага за својот народ, кој ќе се радува за добрите вести и дела и кој ќе тагува и ќе биде секогаш тука за и со својот народ во најтешки моменти како духовен татко и Митрополит Австралиско-новозеландски. Дај Боже набргу во лицето на нашиот сакан Архимандрит г. Гаврил да го добиеме она што долго време го очекуваме, да добиеме свој Митрополит за слава на Бога и за духовен напредок за нашиот народ и Црква. Нека ти е среќна годишнината, почитуван наш Архимандрите Гаврил – наш духовен пастир и извор на православното учење во Австралија и Нов Зеланд, стои во честитката од Македонската православна младина на Австралија.

-И така, каде и да сме, најважно е да ја исполниме Божјата волја, најважно е сите околу нас да го видат сведоштвото Божјо, да го исповедаат Христа, Нашиот Спасител и искрено да Му послужат. Жртвата што притоа треба да ја дадеме не е важна, претрпувајќи ги искушенијата кои треба да го изобразат Христа во нас и во другите. Нема поголема радост и овде и за небесата ако се случи тоа изобразување на образот со Праобразот, со Самиот Бог, во себе. Впрочем, кажано е Царството Небесно е внатре во вас, а каде што е царството таму е и Царот на кого треба единствено, во таа пожртвувана љубов, да Му Го принесеме народот Божји кои ни го доверил. Односот Бог – човек е возвишен затоа што од една страна е Светиот, Божјиот, Вистинитиот, а од друга понизниот, скрушениот, малиот, кој во тој разговор љубовно Му се обраќа на Саканиот. Молитвената прозба искажана во таа љубов за себе и за сите други непречено се искачува до Божјиот престол, до Самиот Бог. А тој милозливо Го прегнува секого од нас, давајќи Му го потребното. Возвратената љубов од страна на човекот се покажува или не се покажува преку благодарењето или неблагодарењето. Ако заблагодариме за сè што ни се случува, се искачуваме на крстот спремни да се сораспнеме со Христа и да го предвкусиме воскресението уште овде на земјата, пишува Игуманијата на Марковиот манастир во Скопје, Сестра Илијана.

-Господ Бог, според Неговата промисла благоволи, отецот Гаврил да дочека и да доживее многу тешки искушенија од неговите малодушни собраќа и претпоставените во епархијата во која богослужеше. Но, на тешкотиите им дојде крајот. Искушенијата, навредите, понижувањата и голготата на почитуваниот отец Гаврил завршија со неговата најава дека сака да богослужи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Мелбурн, каде што според Одлуката на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и и Администратор на Австралиско-сиднејската епархија, за парохиски свештеник бев назначен јас. Со благослов на надлежниот Архиереј, почнавме заедно да богослужиме во секоја недела и на секој празник. Постепено, од ден на ден, се разгоруваше братската љубов меѓу нас и како сослужители и како собраќа. Но, ќе згрешам ако не ја истакнам и нагласам неговата, забележителна и полна со енергија, љубов кон неговите духовни чеда, (неколку стотини) млади македонци и македонки со нивните деца кои секојдневно присуствуваат на богослуженијата. На секоја богослужба тие активно учествуваат: се молат, пеат на певница, помагаат и придонесуваат за велелепието на светиот храм, се исповедаат, се причестуваат, со еден збор под духовното раководство на отецот Гаврил тие се живи и активни членови на Светата Црква. Отецот Гаврил со своето големо смирение ги закрилува и духовно ги води кон спасителниот Христов пат, учејќи ги да ги љубат своите ближни како самите себе си, вели Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински од црквата во Мелбурн.

На денешен ден, 28ми февруари 1998 точно пред 20 години, Неговото Високопреподобие Архимандрит г. Гаврил е ракоположен од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум во чин јеромонах.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *