Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски заедно со градоначалникот на општина Старај, Блерим Беџети се заложиле дека ќе работат на продлабочување на соработката во насока на гарантирање на меѓуконфесионалниот мир и стабилност, како дел од процесот на градење доверба меѓу граѓаните припадници на различни заедници.
КОВЗРГ соопшти дека Сотировски денеска ја посетил општината Сарај и разговарал со градоначалникот на оваа општина како една од општините со голем потенцијал за заедничко живеење.
-Директорот Сотировски истакна дека ќе ги поддржи сите заложби на локалната самоуправа за неселективно задоволување на верските потреби на граѓаните, кој притоа додаде „Општина Сарај неслучајно е првата општина која ја посетувам, тука е голем потенцијалот за заедничко ангажирање за заштита на непроценливото културно наследство, како Хусеин Шах Џамијата и Црквата Св. Андреа, кои сведочат за заедничкото вековно егзистирање на нашите претци и нивната непоколеблива верба“, стои во соопштението на Комисијата за односи со верските заедници.
Градоначалникот Беџети ги афирмираал ставовите на општината за грижа за
задоволување на потребите на конфесиите и постојаната спремност за дијалог и
разбирање.
