Пасхалната литургија за Воскресениет Христово во Соброниот храм во Скопје годинава беше отслужена во текот на ноќта. Почна по опходот на црквата и траеше до раните утрински часови.
Ова е прв пат по долги години Архиепископот Стефан да служи ваква литиургија. Вообичаено Воскресната литургија ја служеше во недела наутро, а во саботата навечер се служеше само Пасхална Полуноќница.
-Торжествената прослава на победата на животот над смртта започна во ноќта на 11 спроти 12 април со раздавање на светиот Благодатен Оган, по што беше отслужена Пасхална Полуноќница. На неа, радосно пеејќи „Воскресението Твое Христе Спасителу, ангелите го воспеваат на небесата, а и нас на земјата удостој нè, со чисто срце да Те славиме“, Архиепископот, свештенослужителите и верниот народ извршија трократен опход околу Соборниот храм. Веднаш потоа, Архиепископот претстојуваше на Пасхалната Литургија на која беше прочитано и Велигденското послание на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква, велат од Скопската епархија.
Служењето ноќна Воскресна литургија се практикува во сите православни цркви.
Во Соборниот храм Свети Климент Охридски имаше и утринска велигденска литургија, што ја служеа свештеници од Соборниот храм.






















