Архиепископот Стефан му ја честиташе 12-годишнината од изборот на митрополитот Онуфриј

Date:

Share post:

Архиепископот охридски и македонски Стефан упати честитка до Митрополитот киевски и на цела Украина, Онуфриј, по повод 12-годишнината од неговиот избор за поглавар на Украинската православна црква.

ФОТО: МИА

Во честитката, Архиепископот Стефан го нарекува митрополитот Онуфриј „возљубен брате и сослужителу пред Престолот Божји“, истакнувајќи дека во изминатите 12 години тој се покажал како „краеуголен камен“ кој, и покрај сите искушенија, цврсто ги сведочи евангелската правда и вистина.

„Од Свое, како и од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви ја честитаме годишнината и Ви посакуваме уште долги години да ги сведочите вистината, љубовта и долготрпението“, наведува Архиепископот Стефан.

Тој на митрополитот Онуфриј му посакува добро здравје и „изобилни добрини од Господа“.

Во продолжение ја пренесуваме целосната честитка:

ДО НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО,
МИТРОПОЛИТ КИЕВСКИ И НА ЦЕЛА УКРАИНА
Г. ОНУФРИЈ

Ваше Блаженство, возљубен брате и сослужителу пред Престолот Божји,

По премудрата Божја промисла веќе дванаесет години духовно управувате со кормилото на Украинската Православна Црква. Во тој период се покажавте како краеуголен камен, кој, и покрај сите искушенија цврсто ја сведочи Евангелската правда и вистина.

Ваше Блаженство,

Од Свое, како и од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви ја честитаме годишнината и Ви посакуваме уште долги години да ги сведочите вистината, љубовта и долготрпението, како пред Вашите собраќа архијереи и доверениот Ви од Бога народ, така и пред сите луѓе со добра волја.

Поздравувајќи Ве, Ви посакуваме добро здравје и изобилни добрини од Господа.

Со братска љубов во Христа Господа,

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img