Архиепископот на Америка Елпидофор со пофалби за покојниот албански Архиепископ: „Легенда на верата и пример за православниот свет“

Date:

Share post:

Во САД се одржа тридневна меѓународна конференција посветена на животот и делото на Архиепископот Анастасиј, под наслов „Анастасиј: Архиепископ, теолог, мисионер“.

На отворањето на конференцијата учесниците се осврнаа на неговото богато духовно и мисионерско наследство, нагласувајќи дека неговата улога има длабоко значење за современото православие. Сесијата ја модерираа свештениците Џон Хрисавагис и Лук Веронис, кои зборуваа за нивните лични средби и духовното водство што го добиле од Архиепископот Анастасиј. Тие го опишаа како една од ретките личности во современата религиозна историја која се издигнува над времето и околностите.

„Многу малку религиозни личности во модерната ера се издигнуваат толку високо над толпата што буквално стануваат легенди на интегритетот и обележја на верата“, истакна отец Јован, додавајќи дека Архиепископот Анастасиј е „пример и мерило според кое треба да се мерат свештениците, теолозите и верниците“.

На конференцијата се обрати и Архиепископот на Америка Елпидофор, кој во своето поздравно обраќање потенцираше дека делото на Архиепископот Анастасиј претставува важен духовен ориентир за денешниот свет. Тој нагласи дека во време кога светот се соочува со длабоки поделби и растечка поларизација, примерот на трпеливост, смирение и дијалог што го покажува Архиепископот Анастасиј е поважен од кога било.

„Во свет во кој поларизацијата и повлекувањето од приближување се сè почести, нежниот, трпелив и смирен начин на делување на Архиепископот Анастасиј е токму она што му е потребно на современиот човек“, изјави Архиепископот Елпидофор.

Конференцијата беше посветена на анализирање на духовната, теолошката и мисионерската улога на Архиепископот Анастасиј, кој со децении се смета за една од највлијателните личности во православниот свет, особено поради обновата на Албанската православна црква по падот на комунизмот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img