Почетна Вести Црковен бојкот за грчките политичари
Црковен бојкот за грчките политичари

Црковен бојкот за грчките политичари

266
0

Грчката православна црква жестоко се спротистави на легализацијата на истополовите бракови, што владата на Алексис Ципрас преку закон за цивилни партнерства го направи два дена пред Божик.

Тројца митрополите на ГПЦ одлучија да го бојкотираат црковниот живот на политичарите кои учествуваат во носењето на овој закон.

Митрополитот Пирејски, Серафим беше првиот, а по него одлука за бојкот на политичарите најавија и митрополитите  Николај и Павле.

Зошто тие до изборите не се изјаснија за своите ставови, за да може народот да знае за кого  гласа? Како да примам пратеници кои изгласаа отфрлање на Евангелието? Нека некои политичари директно се изјаснат за своите антихристијански ставови, а не да им текне на Црквата тогаш кога им треба гласови од избирачите.

-Се чувствувам како емигрант во сопствената земја, не затоа што нѐ принудуваат странски кредитори, туку заради тоа што ние сами ја отрувме Грција, гласајќи за овој грозен закон во Парламентот, изјавија владиците Николај и Павле.

Контроверзниот солунски Митрополит Антим пак оваа одлука на грчкиот Парламент ја спореди со времињата кога биле прогонувани христијаните.

-Христијаните истрпеа векови на гонења. Нема да се исплашиме и сега. Што и да следи понатаму, какви и нови закони да бидат донесени – не плашете се. Нашиот одговор е молитвата, зборовите за правдата, евангелското слово, самиот Христос, изјавил Антим на божиќната литургија во Солун.

Речеиси во сите епархии на ГПЦ, на проповедите Владиците зборувале за овој закон.

-Беззаконието и развратот станаа државен закон. Тоа што во минатите времиња луѓето се обидуваа да го сокријат, или барем во краен случај да не го рекламираат, 190 пратеници торжествено му дадоа официјален статус… Практиката на официјално промовирање на ’страстите на бесчестие‘, кај нормалните луѓе предизвикуваат огромен срам. И нека нашите политичари не се повикуваат на тоа дека ја следат европската практика… Зарем тие не знаат дека мнозинството европски народи го напуштија христијанството, кое е правда и светиња, и затоа си дозволуваат бесрамно да го нарушуваат божествениот закон на Евангелието. зошто тие не можат да кажат ’не‘ на таа невидена неморалност, којашто сака да ја извалка и потопи Европа и целото човештво. Јас лично чувствувам болка и немир. Затоа категорично изјавувам дека пратениците што гласаа за овој закон нема да бидат примени во мојата епархија, потенцирале на литургиските проповеди Владиците на Грчката црква.

Против законот за легализација на истополовите бракови се изјаснија и монасите на Света Гора.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *