Литија во Делчево за „Светите Кирил и Методиј“

Date:

Share post:

Брегалничкиот митрополит Иларион, свештеници од парохиските цркви во Делчево и голем број верници вчера ја организираа литија во Делчево посветена на сесловенските просветители, кои се и патрони-заштитници на градот Делчево.

Надлежниот митрополит Иларион отслужил света архиерејска литургија во парклисот осветен пред три години, а посветен на „Св. Наум Охридски“ во состав на црквата „Свети Кирил и Методиј“ која е во изградба по што заедно со свештениците и верниците носејќи ја иконата на „Светите браќа Кирил и Методиј“ извршиле литија до параклисот посветен на „Св. Климент Охридски“ во дворот на средното училиште „ММ Брицо“ во Делчево.

Овој параклис е изграден и осветен пред една година, во спомен на срушена црквата, во месец Септември 1961 година од тогашната локална комунистичка власт. Тогашната црква била посветена на „Светите браќа Кирил и Методиј“.

Овде Митрополитот г. Иларион изврши мал водосвет и го благословил празничниот леб.

ГАЛЕРИЈА:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img