Антиохискиот патријарх Јован до Кирил: „Колку се силни врските на љубов што нè обединуваат“

Date:

Share post:

Антиохискиот патријарх Јован X испрати порака на честитки до рускиот патријарх Кирил по повод неговиот 80-ти роденден, во која ги истакна блиските односи меѓу двете цркви и благодарноста за руската поддршка на христијаните на Блискиот Исток.

„Колку се силни врските на љубов што нè обединуваат! Така било, така е и, по Божја волја, така и ќе остане“, се наведува во пораката на патријархот Јован, која на свеченоста во Москва ја прочита митрополитот Филипополски Нифон, претставник на Антиохиската патријаршија при Московската патријаршија.

Честитката била упатена на 20 ноември, за време на одбележувањето на 80-годишнината од раѓањето на Кирил, на свечената литургија во московскиот храм „Христос Спасителот“.

Во пораката, патријархот Јован ги истакнал трите значајни годишнини во животот на рускиот патријарх: 80 години од раѓањето, 50 години од епископската служба и 17 години од неговото доаѓање на патријаршискиот престол.

Тој ги пофалил напорите на Кирил во пренесувањето на христијанската порака во современото општество, како и придонесот за обновување на верскиот живот во Русија.

Особено внимание во честитката било посветено на односите меѓу Антиохиската и Руската православна црква. Јован X изразил благодарност за поддршката што Кирил и ја дава на христијанската заедница на Блискиот Исток, нагласувајќи дека таа помош е особено значајна во тешките моменти за христијаните во регионот.

Како подарок за роденденот, антиохискиот патријарх му подарил на Кирил икона на новите свети маченици на Антиохиската црква, Николај и Хабиб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img