Финансирањето на Руската православна црква треба да се третира како поддршка на агресивен режим и хибридна закана

Date:

Share post:

Финансирањето на Руската православна црква од страна на руски бизнисмени треба да се третира како финансирање на државната идеологија на агресија и како директна хибридна закана за Западот, оценува украинскиот медиум „DSnews“ во анализа што ја пренесува порталот „Libertas Fidei“.

Во анализата се посочува дека донациите за Руската православна црква не треба да се разгледуваат исклучиво како верско добротворство, туку и како дел од поширок систем на политичка лојалност кон Кремљ и претседателот Владимир Путин.

Како пример е посочен рускиот бизнисмен Јуриј Шамара, кој со години градел имиџ на православен добротвор, додека приходите од снабдувањето со гориво ги насочувал кон религиозни институции поврзани со идеологијата на „Рускиот свет“.

Според анализата, во современа Русија, од големите бизнисмени практично се очекува да издвојуваат средства за црковни институции. Таквото финансирање, се оценува, претставува начин за демонстрирање лојалност кон власта и пристап до највисоките политички кругови во Кремљ.

Авторот на текстот тврди дека Московската патријаршија денес извршува функции споредливи со оние на пропагандно министерство, обезбедувајќи духовно оправдување за руските ракетни напади врз украинските градови.

Во таа насока, се предлага западните држави да воведат построги ограничувања и проверки за руските бизнисмени кои ја финансираат Руската православна црква, изградбата на црковни објекти во Русија или добиваат црковни одликувања.

Како следен чекор, авторот ја наведува и можноста за конфискација на имотот на бизнисмените кои се означени како „православни олигарси“.

„Финансирањето на тенкови, финансирањето на флоти од танкери во сенка и спонзорирањето црковни епархии се делови од еден ист, неделив процес“, се наведува во анализата.

Според авторот, она што во Москва се претставува како највисок облик на добротворство и се наградува со одликувања од Руската православна црква, на Западот треба официјално да се класифицира како финансирање агресивен режим и создавање директна хибридна закана.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img