Во храмот „Св. великомаченик Димитриј“ во Кавадарци, на 15 ноември, се одржа групна венчавка на која 39 брачни парови ја примија Светата тајна Брак.
Венчавката била организирана од Повардарската епархија, со благослов на митрополитот Агатангел, за брачните двојки кои досега не биле црковно венчани да го крунисаат својот заеднички живот со Божји благослов.
Групните венчавки се дел од пастирската практика на Повардарската епархија подолг период. Во 2012 година, во соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, се одржала петтата по ред групна венчавка, на која црковен брак склучиле осум парови.
Во септември 2013 година, во храмот „Св. Спас“ во Гевгелија, се венчале 15 брачни двојки, а во октомври 2014 година во Велес уште пет парови. Следната, осма по ред групна венчавка, била организирана во октомври 2015 година во Велес, со учество на три брачни двојки.

