По пауза поради здравствени причини, Архиепископот Стефан се појави во јавноста за Мала Богородица

Date:

Share post:

По повеќенеделно отсуство од јавните богослужбени активности поради здравствени причини, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан се појави во јавноста на празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица.

Архиепископот Стефан молитвено присуствуваше на Светата Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, која беше отслужена со негов благослов на 21 септември.

Неговото појавување доаѓа по период во кој поглаварот на МПЦ-ОА не учествуваше во дел од јавните богослужбени активности, а во август ја откажа и најавената посета на Американско-канадската епархија.

На 25 август Канцеларијата на Светиот архиерејски синод соопшти дека Стефан нема да ја реализира посетата на Американско-канадската епархија „поради здравствени причини и по препорака на лекарите“. Посетата требаше да се реализира во рамки на собирските манифестации на епархијата, чиј домаќин беше црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ во Вилоубрук, Чикаго.

Претходно, Архиепископот Стефан не учествуваше ниту во богослужбата за празникот Преображение на 19 август. Во соопштението за откажувањето на посетата МПЦ-ОА не објави дополнителни детали за неговата здравствена состојба, туку само наведе дека одлуката е донесена по препорака на лекарите.

Неговото присуство во храмот е прво негово појавување во јавноста по информациите за здравствените причини поради кои ги прекина дел од планираните активности.

МПЦ-ОА во август му посака на Архиепископот брзо закрепнување и продолжување на редовните активности како поглавар на Црквата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img