Српската православна црква ќе служи опело за воениот злосторник Ратко Младиќ. Опелото ќе биде служено денеска, во храмот „Свети апостол и евангелист Лука“ на Кошутњак во Белград, со почеток во 12 часот.
Во соопштението СПЦ наведува дека станува збор за „православен христијанин и српски војник“.
-Српската православна црква го известува верниот народ дека опелото на генералот Ратко Младиќ, православен христијанин и српски војник, ќе биде служено во понеделник, 7 септември 2026 година, во храмот „Свети апостол и евангелист Лука“ на Кошутњак, со почеток во 12 часот.Мир на неговата душа и мир на сите нас!, пишува СПЦ.
Српските медиуми објавија дека опелото ќе го изврши Патријархот Порфириј, иако тој податок не стои во соопштението на СПЦ.
Пред опелото, телото ќе биде изложено во храмот „Свети Лука“, по што Младиќ ќе биде погребан на Топчидерските гробишта во Белград.

