Околу 5000 деца и возрасни од ранливи групи биле предмет на сексуална злупотреба од католички свештеници

Date:

Share post:

Најмалку 4.815 деца и ранливи групи возрасни лица во Потугалија биле жртви на злоупотреба од страна на католички свештеници.

Португалската бискупска конференција на католичката црква соопштио денеска дека 57 жртви, кои биле сексулано злопотребувани од свештеници, ќе добијата вкупно 1,6 милиони евра отштета.

Комисијата која ја финансира црквата утврдила дека во февруари 2023 година најмалку 4.815 деца и ранливи групи возрасни лица во Португалија биле жртви на сексуална злопотреба од католичките свештеници, во текот на последните 70 години, од кои некои поднеле барања за отштета, пренесува „Ројтерс“.

Финансиската отштета не го брише она што се случило ниту ги поништува последиците од злоупотребата во животите на загрозените. Повторно се извинуваме за сета нанесена штета, соопшти Португалската бискупска конференција.

Португалската бискупска конференција соопштри дека само 95 лица побарале отстета во текот на периодот на поднесување на барањата, при што 67 ги исполнувале условите, а останатите се одбиени поради неисполнување на условите.

Досега се одобрени 57 барања за отштета, со исплати од 9.000 до 45.000 евра по лице.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img