На крајот од јануари, романската православна парохија „Свети Георгиј“ во Токио ги отвори првите православнегробишта во Јапонија, лоцирани во областа Јаманаши.
По повеќемесечни подготовки, бил изнајмен простор од 1.200 квадратни метри, наменет за погребување на лица од православна вероисповед што живеат во Јапонија. Постапката за концесија била спроведена во Токио под раководство на парохискиот свештеник Даниел Кориу, со поддршка од Здружението за погребна помош во Јапонија и двајца будистички монаси.
Парохијата соопшти дека се достапни трајни гробни места, кои заинтересираните можат да ги откупат по цена од 250.000 јени.
Парохискиот свештеник изразил намера во иднина од Романија да биде пренесена дрвена црква, која би служела како капела во рамките на гробиштата. Средствата од донациите ќе можат да бидат насочени токму кон остварување на оваа иницијатива.
Претставници на романската парохија во Токио истакнаа дека кремирањето не е во согласност со христијанското предание и дека секое поттикнување на оваа практика, од практични или други причини, е спротивно на православното учење за смртта, човечкото тело и вечниот живот.

