Светскиот совет на црквите го започнал заседанието на својот Извршен комитет во Хангжу, Кина, со работна програма на тема „Христос, култура и контекст“. Воедно, претставниците ќе земеле учество и во неколку поклонички посети на локалните христијански заедници.
Во своето обраќање, епископ проф. д-р Хајнрих Бедфорд-Штром, модератор на Централниот комитет на ССЦ, ја изразил својата длабока почит кон единството што го видел меѓу црквите во Кина. „Црквите во Кина се доживуваат како вистински христијански – не само преку зборовите, туку и преку делата“, изјавил тој. „Дојдовме тука да слушаме, да учиме и да размислуваме.“
Претседателот на Кинескиот христијански совет, подарил на ССЦ специјално издание на Библијата по повод 1700 години од Никејскиот собор.

