Коњановски: Пензионерите се темелот на нашето општество, заслужуваат посебна грижа

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со претставниците на Здружението на пензионери од Битола, на која се разговараше за актуелните предизвици и потреби на оваа категорија граѓани, како и за мерките што ќе придонесат за подобар квалитет на нивниот живот.

Во пријатна и конструктивна атмосфера, Коњановски истакна дека пензионерите се генерација што дала многу за развојот на заедницата и затоа заслужуваат посебно внимание и грижа.

-Пензионерите се темелот на нашето општество. Нивниот труд и искуство се непроценливи, а нашата обврска е да им овозможиме достоинствен живот, активно учество во заедницата и пристап до социјални и културни содржини, рече Коњановски.

Тој додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи со спроведување активности и проекти насочени кон создавање подобри услови за живот на постарите сограѓани, преку поддршка на здруженијата, унапредување на социјалните услуги и поттикнување на генерациска поврзаност во општеството.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...