Владата на ВМРО ни приреди триумфална седмица на „Српскиот свет“ во Стара Србија:
-Во присуство на Македонската армија и со македонското знаме беше прославена окупацијата на Македонија во „Брегалничката битка“ (по ново ослободуванјето на Стара или Јужна Србија) и со настани на уште неколку места.
-Беа извршени панихиди во контекст на „Видовдан“ во повеке цркви и на гробови на загинатите српски „ослободители“. За “контроверзните” наши патриоти црквата ни секогаш длабоко се замислува и размислува. А да не зборуваме за тоа дека за „Единаесеттата македонска дивизија“ никогаш не е направена ниту една панихида.
-Општина Кисела Вода го прослави грандиозно со Југо-турбо фолк, за да го зајакне античкиот југословенизам.
-Во Битола од страна на големиот патриот Владиката Петар беше прогласена за светица монахинјата на Српската првославна црква, Стефка Ѓурѓевиќ која по барање на уште еден асимилатор, Николај Владимировиќ дошла во Стара Србија заедно да ја србизираат македонската нација.
-Српскот патријах на српски јазик, без превод ни одржа предаванје. Тоа што ни го подметна томосот за признаванје веке никого не го интересира.
-„Видовдан“ се прославуваше како никогаш порано дури и во места каде што биле комплетно македонизирани од страна на комунистите по 1945 година.
Еве една од прославите каде што ни го бранат идентитетот:
/Љубчо Георгиевски (Фејсбук статус)


Мене ми е жал што една личност како поранешниот македонски премиер Љупчо Георгиевски, со толкави можности од најблиску можно да ги доживее длабочините на Православието, најпосле така одигра, толку неприродно се престрои и денес толку се труди да пружи едно крајно неодржливо, фалшливо, лицемерно и одамна некадарно сведоштво, понекогаш дури и бизарно. Видете господине, Видовден можеби не е македонски национален празник, ама е длабоко доживеан православен христијански историски момент од мнозина православни христијани ширум Православието, токму заради беспримерното сведоштво на српските Свети Маченици во прочуената Косовска битка. Не верувам дека во Македонија бил деновиве прославен на некој громогласен начин, но не би ми пречела особената почит кон такви историски настани и богољубиви, пожртвувани личности со голем христијански и херојски печат. Такво е впрочем македонското Православие: ние за разлика од традициите на многу други Помесни Цркви имаме еден постојан, неверојатно чист однос кон Светителите меѓу разни народи и ја гледаме нивната духовна величина без да се соблазнуваме од етнички корени, тесногради математики, небогољубиви политики итн. Сме го имале и кога другите не’ сметале за расколници, а ќе го имаме всушност секогаш. Во тоа е меѓу другото и убавината на Православието: да можете да ја препознаете духовната убавине на сите, да се нурнете во иконичната сила на личности од разни меридијани, епохи, цивилизациски колевки итн. преку величествената Божествена перихореза среде човештвото изнедрена во предвечниот Светотроичен Совет како начин на бивствување на севкупното Создание и неразрушливо устроена со Искупителниот подвиг на Богочовекот Исус Христос како можност за преобразба за Живот Вечен.
Што се однесува до Св. Стефанида… Кој монах успеал некогаш некого етнички да асимилира, па и таа? Тие нешта не виреат во Црквата, барем не на тој начин. Малку е дегутантно да не ни е доволна крвта на една Маченичка пролеана заради нејзината вера, та да бараме некој отчет, некаква правда која нема како да се истера. Впрочем, човек би можел да се изненади дека нејзините Свети мошти остануваат во Македонија. Не знаете ли дека моштите на Светите секогаш претставуваат големо богатство за оние што имаат пристап до нив? Освен тоа, кога се канонизира Свет Маченик од редовите на еден народ, во случајов српскиот, и покрај фактот на духовната слава што ја верификува тој момент, се воведуваат и дополнителни страдални елементи во неговиот актуелен историски контекст, значи неговиот Крст одново се подига, не е тоа нешто наивно и нема никаква врска со чукање во гради.
Ве молам не ја потценувајте интелигенцијата на македонскиот народ: нам не ни треба превод од српски ни на јавни настани ни во нашите приватни средби. Се разликуваме на пример од Албанците, кои дури и војни отворија, и закони измислија за својот краен недостаток на талент за соживот и за совладување на јазикот на земјата во која живеат, сакаат да градат кариери, заработуваат, многумина од нив не се ни трудат да научат македонски во пристојна мера. Ние напротив добро го разбираме јазикот на Српскиот Патријарх, особено неговата љубов и благочестивост.
Дали ни се заканува мека асимилација? Не! Ние живееме во услови на прогон, ама не од српска страна, и Вие тоа добро го знаете. Во Србија постојат работилници за обоени револуции коишто одработија државен удар пред осум-девет години кај нас, постојат и други фактори кои не се благопријатни за македонската борба за автентична независност и самоодржливост (како впрочем и во многу други земји), но доминира братољубивата, пансловенска струја која во Македонија препознава добар и скапоцен сосед.
А Вие од Бугарија кога ќе ни донесете некоја нормална, добра вест?
Од Бугарија добра вест е што се зголемува бројот на бугарските државјанства за емиграција од светата античка југомакедонија.
Љубчо наместо да размислува каков одговор ќе даде на Страшниот Христов Суд поради уништувањето на Македонија на секаков план првенствено економски, тој ни говори за некаква српска пропаганда. Бугарската секако дека не му смета, но му сметаат и Светителите во случајов Света Стефанида, можеби најповеќе што била претепана до смрт од бугарскиот фашистички окупатор. На бугарофили како Љубчо местото им е во нивната матична земја – мајка Блгарија. А што остана уште да очекуваме од бугарската агентура во Македонија.
Gospod da vi e napomos …
Абе загрев си ти ЉуБче, ама па и овие што те објавуваат којзнае која вера се и самите..