Двери.бг – Сослужувањето во Охрид пораз за Руската црква

Date:

Share post:

„Сослужувањето на митрополитот Кипријан со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Стефан и претставник на Српската црква, покажа дека обидот на Московската патријаршија да внесе линии на поделби меѓу православните цркви на Балканот поради украинскиот цековен проблем засега се неуспешни.“ Ова е заклучокот од анализата на бугарскиот црковен сајт, „Двери.бг“, во текст посветен на неделното прогласување на нови македонски светители во Охрид.

„Двери.бг“ анализира дека главната адреса на овие случувања е МПЦ, бидејќи во нејзе постпи поделеност околу украинското црковно прашање и за тоа дали Вселенската патријаршија треба да издаде Томос за автокефалност.

-Напоемнуваме дека неодамна Светиот Синод на РПЦ објави дека нема да сослужува со петмина бугарски архијери коим земаа улество во службата на Константинополскиот Вселенски Патријарх Вартоломеј на која присуствуваше и епскоп на автокефалната Православна црква на Украина. Според аналитичарите основната адреса на тоа решение е имено Православната црква во Северна Македонија, а во која има разномислине меѓу епископатот околу признавањето на автокефалната ПЦУ, тоа, според неофицијални информации, било условот поставен од Вселенската патријаршија да го издаде долгоочекуваниот во Севрна Македонија Томос за автокефалност на таа помесна црква, пилува „двери.бг“.

1 COMMENT

  1. На ПЦУ не може да и’помогне ниеден томос за да стекне автокефалност, како впрочем што не може никому, доколку нема ‘корен во себе’, односно потврден на дело духовен интегритет. Значи, ‘автокефалноста’ мора да биде реална, автентична, таа пред се’ се живее и има конкретна богословска и подвижничка содржина, пред да биде прифатена de jure. Па и самиот процес на тоа прифаќање од сестринските Помесни Цркви честопати претставува предизвик за сведочење на нејзината неповредлива суштина, како што е тоа случај денес. “Аналитичарите” вообичаено ги мешаат поимите надворешна, видлива соборност и вистинска, благодатно освоена автокефалност. Автокефалноста по природа значи разграничување на аспектите на видливата соборност од оние на суштинската, внатрешна соборност, која никогаш не ги пренебрегнува јасните координати на богодаруваната перихореза, заради квалитетот на созерцателните дарови во органите на Црквата Носител на тие дарови. Значи, се’ друго е пусто барање човечка правда по цена која е саморазорна на духовен план. Ако впрочем ПЦУ мирно ја гледа цената на својата “автокефалност” во овој миг броејќи стотици илјади жртви, што да кажеме! Каква ли чудесност во томосот за нејзината автокефалност! Опсипете ја со уште томоси, признанија, благодарници, пофалници – нека голта!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img