Папскиот совет за заштита на децата му предложил на Папата Франциск да се воспостави светски ден на молитва за децата жртви од злоставување.
Оваа одлука била донесена на седницата на советот, одржана изминативе два дена. Меѓу заклучоците на советот е и оној дека црковните власти мораат изворно да одговорат на жртвите од злоставување.
Советот и годинава ќе ги продолжи средбите со бискупите од целиот свет.

