Беровчани утрово најпрвин мораа да ја оспособат Брегалница за да може да се изврши чинот на осветување на водите и спуштање на светиот крст во реката. На -19 целзиусови степени, колку што утрово беа измерени во градот, Брегалница беше замрзната.
Верниците кои дојдоа да скокнат во реката користеа од копачи, секири па и метална скала за да го пробијат мразот.
На крајот се заврши доборо. Свештеникот го фрли крстот,Ацо Андонов, средношколец го извади светиот крст.

