Американците собраа над милион долари за обнова на џамијата уништена во пожар

Date:

Share post:

За пет дена собрани се над милион долари за обнова на џамијата во американската држава Тексас, која целосно изгоре во пожар, пренесува Anadolu Agency (AA).

Џамијата, која е дел од исламскиот центар во Викторија и една од најважните места за молитва на муслиманите во Тексас, во саботата изгоре во пожар.

dzamija teksasВо градот во кој живеат околу 62.000 жители, во донирањето, покрај муслиманите, се придружија и припадници од други вероисповеди, но и атеисти, јавува весникот „Индепендент“.

Покрај тоа, на муслиманите им беше понудено молитвите да ги извршуваат во градската синагога и во неколкуте цркви, додека џамијата не биде подготвена за молитва.

Шефот на противпожарната бригада на Викторија, Џеф Кауан истакна дека во населбата каде што изби пожарот, како и во нејзината околина, не е најдено ништо сомнително, но во тек е истрагата за тоа дали се работи за злодело од омраза.

Раководителите на центарот преку социјалните мрежи споделија фотографија од уништената џамија, под којашто напишаа: „Повторно ќе ја изградиме со љубов“.

Џамиите и исламските центри во САД беа цел на вандали, на кои влијаеја и повремените исламофобни изјави од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, во текот на изборната кампања.

Сѐ уште не се познати причините за пожарот во џамијата во Тексас, а истрагата продолжува.

А.А.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img