Лидерот на австриските ултрадесничари: Муслиманите ќе мора да се прилагодат на нашите правила

Date:

Share post:

Освен ова, тој тврди дека од истата причина се спротивставиле „на спротивно на меѓународното право прогласената независност на Косово“.

gamiiiiТој, на вечерата „Србите и ФПО“ во Виена, критикувал за тоа што меѓународната заедница досега не создала услови за автономија на Србите на северот на Косово.

Штрахе подвлече дека Австрија, која е во срцето на Европа, има одговорност за овој „прекрасен, христијански континент“, како и сите останати европски народи, поради што му е драго што толку многу луѓе со потекло од просторите на поранешна Југославија денес живеат во Австрија и го даваат својот придонес за развојот на земјата.

Тој истакна дека оние кои доаѓаат од христијански држави во Австрија немаат проблеми со емиграцијата, и дека единственото што на почетокот ги одделува е јазикот, но дека постои проблем со оние кои доаѓаат од други, исламски култури.

„Мораме и можеме да очекуваме сите што доаѓаат во Европа да ги почитуваат нашите традиција, вера, обичаи и култура. Тоа мора да важи за сите Европејци, а кој не сака да ги прифати нашите правила на игра нема што да бара на овој континент“, подвлечe Штрахе.

За завршените претседателски избори кажа дека успехот бил огромен за партијата, бидејќи нејзиниот кандидат Норберт Хофер освоил 47 отсто од гласовите, и тоа во самостојна борба против останатите партии.

Штрахе е уверен дека тој успех ќе се види и во иднина, и дека на следните избори Партијата на слободата на Австрија ќе биде најсилната партија, и дека тоа системот нема да може да го спречи како на претседателските избори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img