Протоѓаконот Горан Кутлешовски е новиот свештеник на Преспанско-пелагониската епархија. Неговото ракополагање во свештенички чин го извршил надлежниот Митрополит г. Петар, на денот кога Црквата го чествува Свети Димитриј – Митровден во соборниот храм на епархијата Св. Димитрија во Битола.
Од епархијата велат дека Кутлешовски со својата 15 годишна достојна ѓаконска служба ја заслужил големата почит во народот, да биде ракоположен за свештеник.



















