Групната крштевка во Бабуна порта за влез во Православието

Date:

Share post:

Викендов на реката Бабуна, крај Велес, Повардарската епархија ја организираше групната крштевка на која повеќе од 30 верници го примија православието. Најголем дел од нив беа повозрасни лица кои во минатото немале можност да се крстат.

krstevka 1Највозрасната беше 62 годишната велешанка Пандорка Најдова, која вели дека животот во социјализмот не дозволувал таа да ја прими православната вера. Неприпадноста кон православието, било пречка за таа и нејзиниот сопруг својата љубов да ја крунисаат и пред бога. Сега се подготвени и тоа да го направат.

krstevka  3Освен од Велес, во реката Бабуна се крштеваа и луѓе од Гостивар, Скопје, Куманово.

Според свештениците, крштението е најважниот чин во православието.

Деветта година по ред се реализира групно крштевање во реката Бабуна. До сега на овој начин повеќе од 300 верници влегоа во православието.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img