Вселенската патријаршија на нова вонредна синодска седница?

Date:

Share post:

faner sinodСинодот на Вселенската патријаршија под раководство на Патријархот Вартоломеј, денеска најверојатно ќе одржи уште една вонредна седница, пишуваат грчките медиуми.

Владиците во Фанар ќе прават оценки и анализи на реакциите по вчерашната одлука на Синодот во проширен состав да се продолжи со намерата за свикување на Сеправославниот Собор и покрај противењето на Руската и на Бугарската православната црква.

Вартоломеј, според информациите на грчките медиуми, сакал да ги анализира сите можни сценарија кои можат да произлезат, доколку се продолжи со организацијата на Соборот, а од друга страна Москва и Софија останат на ставот за неучество.

Вселенската патријаршија, вчера одлучи да ги повика сите сестрински цркви да е надминат и да дојдат во Крит на закажаниот собор.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img