Почетна Вести Вранишковски негира дека стои зад повикот за прогон на МПЦ
Вранишковски негира дека стои зад повикот за прогон на МПЦ

Вранишковски негира дека стои зад повикот за прогон на МПЦ

592
4

Православната охридска архиепископија на Јован Вранишковски, демантираат дека тие се автори на скандалозното писмо до СДСМ во кое се бара прогон и поништување на МПЦ-ОА, откако СДСМ би формирала влада. Во демантот објавен на интернет страницата на ПОА, а потпишан од канцеларијата на ПОА, Вранишковски тврди дека ниту тој, ниту некој од ПОА е автор на тоа писмо, туку како што посочуваат „некоја група Соборно Православие“.

Poa slika Вранишковски реагира на насловот од текстот што Религија.мк го објави, а потоа го преземаа и други медиуми.

– Тој текст потполно ги извртува фактите, и има за цел да распалува верска омраза кон Претстоителот на Православната Охридска Архиепископија, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован. Имено, на објавениот текст му се става наслов за да изгледа дека Архиепископот Јован Вранишкоски барал од  СДСМ да ја поништи МПЦ. Тоа е целосна невистина и има само една и единствена цел: да предизвика реакција од Македонската Православна Црква, за потоа таа да се вклучи во целосна одбрана на интереси на поединци или на некоја партија. Меѓутоа, текстот во кој Марјан Николовски очигледно дека злонамерно ја извртил вистината, не е објавен ниту од Архиепископот Јован, ниту од Православната Охридска Архиепископија. Како што се гледа и од самите цитати, кои делумно ги пренесува порталот, текстот е преземен од Фејсбук, а зад него стои некоја група: Соборно православие.

Бидејќи содржината на овој текст беше преземена од порталот Religija.mk од страна на многу средства за информирање, и тоа од сите злонамерно, повторно со иста цел каква што имаше и Марјан Николовски, да ја вовлече Македонската Православна Црква во ситни политички пресметки, јавно одбиваме да бидеме учесници во таквите сценарија и демантираме дека Претстоителот или било кој од Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија некогаш побарал од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија да ја поништи Македонската Православна Црква. Православната Охридска Архиепископија веќе долго време ги трпи обидите да биде поништена и затоа никогаш за никого нема да бара да биде поништен, стои во реакцијата демант на јовановата ПОА.

Коментар(4)

  1. Цркви је место изван дневне политике . Она треба да обједињује људе ,а не да их дели . Спор између СПЦ ПП- МПЦ ОА може и мора бити решен само разумевањем и искључивањем политике . Једино је интерес Римокатоличке “цркве” да не дође до јединства Свете саборне и Апостолске Цркве .

  2. Г. Давид треба да биде маж и да му признае(ако до сега му нема признаено) на г. Јован и на целиот народ, дека стои зад некојата група „Соборно Православие“ и дека прима пари од Сорос. Ама толкава им е машкоста и одговорноста… И кога ги переа парите (странски донации за кои се води судски спор), не беа способни и одговорни сами да ги исперат, па ги вовлекоа и несреќните им духовни чеда. Па сега бараат да им се прекине судот за да има преговори со МПЦ-ОА. Личат на Пилат, кој исто како нив, не беше маж, па само ги изми рацете свои и им Го предаде Христос на Евреите да Го распнат. Така и некои од архиереите на “ПОА“ со крвта на своите духовни чеда си ги мијат рацете, за да можат да уживаат во добар живот во некакви женски манастири.
    Новинарот Маријан да не се срами што има проекти во соработка со УСАИД. Нека е способен Зоран Бојаровски, па и он нека почне да прави проекти со УСАИД за толеранцијата и љубовта, ама не може, зашто Зоран е член на “ПОА“ и според тоа не знае ни што е љубов, ни што е толеранција.

  3. Интересно е ако ПОА не стои зад оваа група „Соборно православие“ (впрочем не верувам во тоа), но добро е тоа што ги демантира оти тие се дежурни плукачи на Православната Црква и на одредени нејзини личности. Всушност, како основна задача на групата „Соборно православие“ да им е да шират омраза и смут помеѓу Христијаните. И се прашувам зад кого стои оваа група и на чиј авторитет се потпира? Да не е случајно некое лицемерие од страна на ПОА ова?

  4. Jovan nema sto da apelira do SDSM da ja ukine MPC, toj apelira na ona mesto kad sto treba -apelira po crkvena linija , kaj drugite pravoslavni crkvi i do drugi pogolemi i pojaki faktori. nema sto toj da apelira da se ukine nesto sto ne postoi, a toa e za nego MPC. MPC za nego ne postoi -toa za nego e reseno prasanje. bidejki toj eve tolku goodini si postoi , e seg taa go poprecuva so negov progon, no toa nego go zajaknuva pred onie kade sto treba. si ja znae toj negovta rabota si tera po svoe, odnosno spored devizata–koj se plasi od vrapci prose ne see.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *