Почетна Вести Европа Путин го внесува Бог во Уставот на Русија
Путин го внесува Бог во Уставот на Русија

Путин го внесува Бог во Уставот на Русија

2.15K
1

Рускиот претседател Владимир Путин го внесува Бог во Уставот на Руската Федерација. Нацрт-амандманот на Уставот е поднесен, а споменувањето на Бог е без да се прецизира терминот од религиски аспект. Во текстот на предложениот амандман се вели: „Руската Федерација, обединета со илјадници години историја, го зачувува споменот на предците кои ни ги дадоа идеалите и вербата во Бога“.

Друг пропишан амандман е дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.

Путин, исто така, во основниот закон предлага да стои дека Русија е наследничка на Советскиот Сојуз, истовремено спречувајќи отуѓување на делови од територијата на Руската Федерација и повикува на тоа. На републиките на Руската Федерација им се дава право да ги користат своите национални јазици како нивни национални јазици на еднаква основа со рускиот јазик.

Предлогот да се спомене Бог во рускиот устав неодамна го даде Московскиот Патријарх Кирил, образложувајќи дека спомнувањето на вредноста на вербата во Бога во Уставот ќе го зајакне историскиот и духовниот континуитет на народите во Русија кои не се перцепираат себеси надвор од религијата …

-Вредноста на верата во Бога е исто така израз на почит кон милиони наши сограѓани кои биле прогонувани само затоа што не сакале да се одречат од верата. Оваа идеја мора да ја разберат дури и луѓето кои се далеку од религијата , рекол Кирил.

Коментар(1)

  1. Путин откако дозволи да ја срушат Македонската Православна Црква и Цариград, може и себе да се прогласи за Бог и за Ѓавол во уставот на РФ – сега веќе исто му се фаќа!

    Ник:
    Снежната Царица

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *