Почетна Вести Поранешен новинар стана портпарол на Ватикан
Поранешен новинар стана портпарол на Ватикан

Поранешен новинар стана портпарол на Ватикан

151
0

Поранешниот новинар на Фокс ТВ, Грег Берк, е новиот портпарол на папата Франциско, додека Палома Гарсија Овехеро е негов заменик. Берк, исто така, е и член на движењето „Опус деи“.

Берк ја презеде работата од 73-годишниот отец Федерико Ломбарди, кој една деценија беше портпарол на Ватикан. Берк е заменик на Ломбарди уште од декември, откако од 2012 година работеше како советник за комуникации во државниот секретаријат на Ватикан. Ломбарди е језуит, како и папата Франциско, додека Берк е дел од конзервативно движење „Опус деи“.

vatican portparolШпанката Палома Гарсија Овехеро стана првата жена која е назначена за заменик-портпарол. Во моментов таа е дописник од Ватикан за шпанскиот радиодифузер „Кадена ЦОПЕ“, ја покриваше конференцијата на бискупи и зборува шпански, англиски, италијански и кинески јазик.

Овие именувања се дел од напорите на Ватикан да ја направи црквата поинтернационална, во фокусот. „Јасно е дека италијанскиот јазик е интерен јазик на Ватикан“, вели Берк. „Но, половина од католичкото население во светот зборува шпански, а ако сакате да му се обратите на светот, тогаш тоа мора да биде на англиски јазик“.

Тие, исто така, се дел од реорганизацијата на комуникациите на Ватикан под централна власт во рамките на новиот Секретаријат за комуникации предводена од монсињор Дарио Вигано. Папата Франциско ги користи социјалните медиуми за да ја шири својата порака: профилот на поглаварот на „Твитер“ има 9,5 милиони следбеници на англиски јазик. Тој е достапен на англиски, шпански, италијански, португалски, француски, германски, полски, латински и на арапски јазик. Во март, на „Инстаграм“ профилот на папата со зборовите „Молете се за мене“ беше напишан на девет јазици.

/ДОЈЧЕ ВЕЛЕ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *