Почетна Вести Почна големата литијата на мирот, љубовта и молитва за Украина
u 1
u 2
u 3
u 4
u 5
u 6
u 7
u 8
u 9

Почна големата литијата на мирот, љубовта и молитва за Украина

500
0

На 3 јули од Свјатогорската Лавра во источна Украина, започна литија предводена од светињата на обителта, Свјатогорската икона на Божјата Мајка. Неколку денови подоцна, на 9 јули, од Почаевската Лавра во западна Украина започна и втора литија предводена од Почаевската икона на Божјата Мајка и учесниците на двете литии ќе се сретнат на 27 јули во Киев на Владимирскиот рид. Оттука поклониците заедно со Претстојателот на Украинската Православна Црква, Митрополит Онуфриј, ќе се упатат кон Киево-Печерската Лавра, каде што е предвидено главното торжество по повод годишнината од покрстувањето на Киевска Русија.

Спроти литијата, Киевскиот Митрополит Онуфриј се обрати кон Христијаните, со призив да земат активно учество во овој особен молитвен пат за мир и Божји благослов за Украинската земја. Тој ќе започне истовремено од исток и од запад за да ја обедини целата земја, истакна Киевскиот Митрополит.„Ова не е едноставно вашиот духовен подвиг, ова е свесна, доброволна активност на секоја христијанска душа која на дело ги спроведува евангелските заповеди. Затоа едноставното сфаќање на литијата не е доволно. Сега е време да ја пројавиме својата христијанска строгост“.

И уште: „Верувам дека Божјата Мајка која толку пати ја заштитила нашата земја, и денес стои со солзи пред престолот на својот Син и се моли за нас. И ние сме должни да го отфрлиме гневот, омразата, злобата, да се наоружаме со љубов и прошка, да ја засилиме својата молитва за да запрат мајчините солзи, за децата да не останат сираци, а жените вдовици, за нашите млади луѓе да не останат инвалиди, нашите градови и села да не бидат разрушени, а домовите запустени. Токму тоа е и целта на сеукраинската литија на мирот, љубовта и молитвата за Украина“.

/превод: Бигорски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *