Поглаварот Стефан ги зближи Груевски и Заев
Премиерот Никола Груевски и Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва заеднички на божикниот прием кај Поглаварот на МПЦ. г.г Стефан.
Груевски и Заев се ракуваале меѓусебе, а за време на говорот на Архиепископот стоеле блиску еден до друг.
Во делегацијата од Владата, покрај Премиерот бил и Министерот за одбрана Јолевски и Министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, кој исто така најверојатно бил и како дел од делегацијата на СДСМ.
Поглаварот на МПЦ, г.г Стефан, традиционално за вториот ден од Божик, во Соборниот храм приредува прием за претставници на општествено-политичкиот живот.
Овие приеми често пати се прилика, политичарите, жестоки противници, да бидат заедно на едно место и да се ракуваат.
Утре, Архиепископот г.г. Стефан го приредува традиционалниот ручек за државниот врв, во чест на неговиот именден.