Почетна Вести СПЦ влегува во медиумскиот бизнис
СПЦ влегува во медиумскиот бизнис

СПЦ влегува во медиумскиот бизнис

412
0

Српската православна црква од Бадник, 6 јануари има своја телевизија во Србија.

ТВ. ХРАМ, како што се нарекува телевизијата на Архиепископијата белградско-карловачка ќе се емитува преку кабелските оператори во Србија. ТВ. ХРАМ, како експериментална програма преку интернет почна да функционира на Божик минатата година.

Главен и одговорен уредник на телевизијата е свештеникот Стојадин Павловиќ, а на Бандик беше емитувано и првото интрвју со Српскиот Патријарх, Иринеј. Павловиќ, вели дека телевизијата ќе ги промовира христијанските и универзалните човекови вредности.

Според СПЦ ова е еден од начините како таа како Црква да биде поблиску до верниците.

Стојадин Павловиќ, главен уредник на Телевизијата
Стојадин Павловиќ, главен уредник на Телевизијата

-Луѓето сакаат да видат нешто, што не се во можност да го погледнат. Сакаат да ја видат програмата на Црквата во видео издание и на тој начин да воспостават и подобра комуникација со СПЦ, велат од Патријаршијата во Белград.

Покрај за Црквата, телевизијата ќе се занимава и со прашања поврзани со работата на институциите кои се занимаваат култура, образование и здравство.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *