Почетна Вера МПЦ-ОА Иванов, Шекеринска и Мицкоски на Велигден во Соборниот Храм
Иванов, Шекеринска и Мицкоски на Велигден во Соборниот Храм

Иванов, Шекеринска и Мицкоски на Велигден во Соборниот Храм

281
0

Претседателот Ѓорге Иванов, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерот за здравство Филипче, градоначалникот на Скопје Шилегов и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, утрово присуствуваа на Воскресната литургија, со која чиноначалствуваше Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

Покрај, претставниците од власта, на литургијата беше и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски со партиска делегација од ВМРО ДПМНЕ.

– Поскаувам во животот да ги следи многу добрина, убавина и правдина. Празниците се за славење, но и за потсетување за сето она што го поминале нашите предци, за нивното опстојување, за вредностите што ни ги пренеле нам и што ние треба да ги сочуваме за нашите потомци. Овој Велигден не потсетува и на 1000 години од основањето на Охридската архиепископија. Посакуваме нашата црква да биде дел од православната екумена и посакувам како сме сплотени и единствени за време на празниците така да бидеме во текот на годината, да си помагаме меѓусебе и да сме солидарни и тогаш ќе бидеме успешни. Посакувам многу повеќе да си ја сакаме и да си ја почитуваме Република Македонија, рече Претседателот Иванов по литургијата.

Честитки по литургијата во Соборниот храм упати и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посакувајќи им на граѓаните здравје, љубов и среќа до следниот Велигден.

– Да се радуваме сите заедно иако за волја на вистинакта не гледам потенцијал за такво нешто имајќи ја предвид политичката и економската ситуација во држвата. Но како човек оптимист и како христијанин сакам да верувам дека ќе успееме во саканата и проекторана цел.

Претставниците на владата не дадоа изјави.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *